13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција предложила откажување на референдумот во замена за продолжување на преговорите

Грција предложила откажување на референдумот во замена за продолжување на преговорите

eugreece1598kokolo

Грција предложила откажување на референдумот предвиден за недела во замена на продолжување на преговорите со Европската унија (ЕУ), рекол малтешкиот премиер Џозеф Мускат, пренесува весникот Times of Malta.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис на партнерите во Еврогрупата, за време на телефонскиот состанок им рекол дека Грција е подготвена да се откаже од референдумот, доколку „неговите колеги се договорат брзо со него“, пишува германскиот весник Die Welt.

За време на телефонскиот состанок на министрите за финансии на еврозоната, таканаречената Еврогрупа, Варуфакис најавил дека Атина ќе му испрати ново писмо на претседателот на Еврогрупата, Јероен Дајселблум, пишува германскиот весник.

Еврогрупата во вторникот одлучила да ги прекина разговорите поради тоа што „никој не знае што пишува во тоа писмо“, наведува Welt, додавајќи дека во писмото било напишано тоа што Варуфакис го изјавил усмено.

Како што наведува, пак, Times of Malta, малтешкиот премиер Мускат во изјава пред парламентот на својата земја изјаила дека не знае дали грчкиот предлог претставува вистинско отворање на преговорите или, пак, маневар за одложување.

Грчката програма за помош истече на полноќ, а истовремено Грција најави дека нема да биде во состојба на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) да му плати 1,6 милијарди евра.

Надежите дека во последен момент ќе се постигне некој договор пред истекувањето на рокот се појавија кога грчката страна најави дека поднела нови предлози во вторникот попладне, по што 19-те министри на финансии на еврозоната одржаа телефонска конференција на која ги разгледаа предлозите. Но надежите брзо се изгубија и министрите ги прекинаа разговорите, без постигнување на договор.

Како што пренесуваат германските медиуми, канцеларката Ангела Меркел во разговор со членовите на својата партија изјавила дека исклучува натамошни преговори со Грција пред одржувањето на референдумот закажан за недела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП