19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody’s го зголеми кредитниот рејтинг на Исланд

Moody’s го зголеми кредитниот рејтинг на Исланд

islandddd

Агенцијата за кредитен рејтинг „Moody’s“ ја зголеми вчера оценката за кредитниот рејтинг на Исланд за еден степен на „Baa2“, со стабилна прогноза.

„Прогресивното укинување на контролата на капитал и ублажувањето на чувствителноста на надворешното влијание и економското наследство по банкротот на банките, е суштинска  етапа во закрепнувањето на Исланд и голема е шансата за раст, намалување на јавниот долг и нормализацијата на идниот финансиски систем“, се наведува во извештајот на „Moody’s“.

Исланд до мај 2008 година бил оценуван со највисокиот кредитен рејтинг „Ааа“, а потоа оценката била намалена за еден степен.

Пет месеци подоцна, земјата која практично банкротирала побарала помош од Меѓународниот монетарен фонд по ненадејниот колапс на финансискиот сектор, пренесува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП