13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНервозно тргување на нафтените пазари поради Грција

Нервозно тргување на нафтените пазари поради Грција

nafteni-pazarieeee

Цената на нафтата повторно порасна во вторникот во нервозно тргување на светските берзи, а во фокус на инвеститорите и натаму е грчкиот проблем со враќањето на долговите.

На лондонската берза цената на барел нафта околу пладне беше во плус 90 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 62,91 долари. Вчера тргувањето го заклучи во минус од речиси два отсто. На американскиот пазар денеска се тргуваше по 60 центи повисока цена во однос на претходното затворање, од 58,93 долари. Вчера тргувањето го заклучи во минус од 1,30 долари.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис потврди во вторникот дека Атина нема до полноќ да ја уплати ратата од кредитот од 1,6 милијарди евра на ММФ, поради што ќе падне во подлабока финансиска криза. Државата е без решение за должничката криза, во пресрет на референдумот во недела на кој Грците треба да се изјаснат за условите за меѓунаордна помош.

„Пазарите стравуваат дека грчката платежна неспособност би можела да го погоди европскиот раст, а со тоа и побарувачката за горива“, толкува Тамаш Варга од лондонската брокерска куќа PVM Oil Associates.

„Контролата на прометот на капиталот не делува поттикнувачки врз економијата, ниту врз нафтените пазари. Колку смеете да потрошите на бензин, ако не можете дневно да подигнете над 60 евра?“, вели Варга.

Инвеститорите будно ги следат и преговорите во Виена за иранската нукеларна програма, кои би можеле да ги прекинат економските санкции и да се зголеми извозот на иранска нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП