13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција изнесе нов предлог, бара реструктуирање на долгот

Грција изнесе нов предлог, бара реструктуирање на долгот

grece vlada

Грција на своите доверители им го изнесе новиот предлог кој се однесува на двегодишен период во кој повикува на реструктуирање на својот долг, објави во вторникот кабинетот на премиерот Алексис Ципрас, во најверојатно последниот обид да се најде решение од сегашната безизлезна ситуација во која паднаа Атина и нејзините кредитори.

Соопштението е објавено само неколку часа пред Грција да ги исплати четирите обединети во една рати од кредитот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во висина од 1,6 милијарди долари. Засега нема реакции и навестување како доверителите би можеле да одговорат на овој предлог од Атина.

„Грчката влада ги изнесе денеска предлогот за двегодишниот договор со Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ), а во целост да ги покрие своите финансиски потреби и паралелно да го реструктуира долгот. Грција останува на преговарачката маса“, се наведува во соопштението што го цитира Reuters и се додава дека Атина секогаш ќе бара „долгорочно решение на проблемите коешто ќе ѝ овозможи останува во еврозоната“.

Претседателот на Еврогрупата (министрите за финансии на земјите членки на еврозоната), холандскиот министер за финансии, Јероен Дијселблом, ненадејно го откажа гостувањето на холандската телевизија RTL наведувајќи ги „итните обврски“, потсетуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП