7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжи притисокот врз европските берзи

Продолжи притисокот врз европските берзи

berza

Притисокот врз европските берзи продолжи и денеска, откако во понеделникот беше забележан најголем дневен пад за осум месеци, бидејќи инвеститорите се плашат од последиците од банкрот на државата и нејзино излегување од еврозоната.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11,00 часот беше во минус 1 отсто, на 1.515 поени, откако вчера потона 2,8 отсто, најмногу од октомври минатата година.

Лондонски FTSE индекс до 11,00 часот беше во минус 0,90 отсто, на 6.561 поен, додека франкфуртски DAX падна за 1,0 отсто, на 10.976 поени, а париски CAC за 1,05 отсто, на 4.820 поени.

Европските берзи се и натаму под притисок бидејќи Грција ја делат само часови од банкрот, со оглед дека не може на ММФ да му ја плати ратата од кредитот од 1,6 милијарди евра, која денеска доспева на наплата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП