12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Германија на рекордно ниско ниво

Невработеноста во Германија на рекордно ниско ниво

germanijauye7893ry67834y7r8y43yr43

Невработеноста во Германија и овој месец остана на историски минимум, што покажува дека закрепнувањето на најголемата европска економија е стабилно.

Во соопштението на германското Министерство за труд се наведува дека бројот на регистрирани невработени во јуни е намален за 1,000 на 2,78 милиони, што е најниското ниво од декември 1990 година, пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите предвидоа малку поголем пад на бројот на невработени од околу 5.000.

Стапката на невработеност во јуни мируваше на 6,4 проценти, колку што изнесуваше и во мај, што е најниското ниво од обединувањето на источна и западна Германија во 1990 година, по падот на Берлинскиот ѕид претходната година.

Без сезонските прилагодувања, вкупниот број на невработени е намален во јуни за 50,500 на 2,71 милион, а стапката на невработеност на 6,2 од 6,3 проценти во мај, наведува министерството.

Растот на германскиот бруто домашeн производ забави во првиот квартал, но податоците засега покажуваат на тоа дека растот забрзал во вториот квартал. „Иако економските очекувања за втората половина од 2015 година се малку послаби, трендовите на пазарот за труд се поволни“, додава министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП