19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис: Не прифаќаме излегување од еврозоната

Варуфакис: Не прифаќаме излегување од еврозоната

varufakis222

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека Грција ќе ги искористи сите правни средства кои и стојат на располагање за да избегне да биде исфрлена од еврозоната доколку не биде постигнат компромис со европските институции.

„Грчката влада ќе ги искористи сите правни средства кои и’ стојат на располагање“, рече Варуфакис за британските медиуми.

Тој истакна дека Атина секако ќе ја загледа можноста да се обрати до Европскиот суд за правда.

„Европските договори не предвидуваат излегување од еврозоната и ние тоа не го прифаќаме. Околу нашето припаѓање во зоната на еврото нема преговори“, рече Варуфакис.

Грција и партнерите од еврозоната ги прекинаа преговорите во саботата откако Атина објави дека ќе организира референдум на 5 јули за предлозите на еврогрупата.

Грција денеска треба да ја исплати ратата од кредит од 1,6 милијарди евра на ММФ.

Истовремено истекува рокот за постигнување договор на Грција со нејзините кредитори за исплата на последната транша претходно договрена финансиска помош.

Неколку илјади лица се собраа во центарот на Атина, порачувајќи дека се противат на понудата на кредиторите и ги обвинија дека ја уценуваат Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП