20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААтина одговори дека се сомнева во искреноста на Јункер

Атина одговори дека се сомнева во искреноста на Јункер

gr--ru

Грчката влада во понеделник лаконски одговори на изјавата на шефот на Европската комисија(ЕК) Жан-Клод Јункер, доведувајќи ја под знак прашалник неговата ’искреност’, со објаснување дека токму искреност е ’потребна’ во преговорите.

„Она што е потребно за веродостоен разговор со добра верба е искреноста“, рече портпаролот на грчката влада Габриел Сакеларидис, одговарајќи на изјавата на Јункер дека се чувствува ’предаден’ бидејќи Грците неговите напори не ги зеле доволно во предвид.

Истовремено, грчката влада соопшти дека премиерот Алексис Ципрас телефонски разговарал со Јункер, а бил повикан и од претседателот на Европскиот парламент(ЕП) Мартин Шулц. На обајцата Ципрас им го повторил барањето за пролонгирање од неколку дена на планот за помош на Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП