ЕКОНОМИЈА

Меркел подготвена за разговори со Грција по референдумот

Image7777

Германската канцеларка Ангела Меркел во понеделник изјави дека напредокот во преговорите со Грција во следните неколку дена не е извесен, но дека вратата за нови преговори со грчката влада ќе биде отворена по референдумот што ќе се одржи во недела.

„Ако и по референдумот грчката влада бара продолжување на преговорите, нема да се противиме на тоа“, рече Меркел на прес конференција во Берлин.

Таа додаде дека референдумот очигледно е поврзан со останувањето во еврозоната.