3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеизвесноста ја спушти цената на нафтата под 62 долари

Неизвесноста ја спушти цената на нафтата под 62 долари

nafta3020

Цената на нафтата потона под 62 долари за барел со оглед дека инвеститорите започнаа да се повлекуваат од ризичните имоти поради грчкото воведување на контрола на капиталот.

На лондонскиот пазар цената на нафтата беше пониска за 1,66 долари во однос на претходното затворање и изнесуваше 61,60 долари по барел, што е најниско ниво од 5 јуни. На американскиот пазар се тргува по 1,40 долари пониска цена, од 58,23 долари.

Грција одлучи да ги затвори банките и да воведе  контрола на капиталот за да го стабилизира финансискиот систем и да спречи одлив на пари во контекст на неуспешните преговори со меѓународните кредитори за натамошно финансирање. Атина најави референдум за претстојниот викенд на кој би требало граѓаните да се изјаснат за условите на кредиторите.

Ваквата состојба ги загрижи инвеститорите кои започнаа да се повлекуваат од ризичните имоти, како што е нафтата, а под знак на прашање се и прогнозите за побарувачката на енергенти.

„Време е за притајување, одмор, повлекување од берзите и прогласување на безбедност со највисок приоритет“, констатира Дејвид Хафтон од PVM brokers.

Дополнителен извор на неизвесност се преговорите на Иран и западните сили за спорот со иранската нуклеарна програма. Иран се откажува од привремената нуклеарна спогодба со светските сили која беше заклучена пред три месеци, оценија западните функцонери во неделата. Американските и иранските функционери оценуваат, пак, дека разговорите за конечен договор веројатно ќе продолжат и по истекот на зацртаниот рок 30-ти јуни.

Со конечен договор би завршил спорот на Иран и Западот околу иранската нуклеарна програма, што би резултирало со укинување на санкците за Иран и зголемување на иранскиот извоз на нафта, што дополнително би го оптоварило светскиот пазар, толкува агенцијата Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП