6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК прелиминарно ја одобри грчката одлука за контролата на капиталот

ЕК прелиминарно ја одобри грчката одлука за контролата на капиталот

grcka vlada

Одлуката на грчката влада за воведување контрола на движењето на капиталот на прв поглед изгледа оправдана, заклучи денеска Европската комисија, одобрувајќи ги привремените мерки во Грција насочени кон зачувување на стабилноста на нејзиниот финансиски систем.

„Како оној кој се грижи за европските повелби имајќи ја предвид заштитата на интегритетот на единствениот пазар, Европската комисија ја усвои правата прелиминарна оцена на грчките мерки со коишто се воведуваат контроли, заклучувајќи дека на прв поглед се оправдани“, изјави комесарот на Европската унија за финансиски услуги, Џонатан Хил.

Брисел, инаку, можеше да упати правен приговор на мерките коишто Грција ги воведе ноќта кон понеделникот за да ги запре навалиците на банкарските шалтери и на банкоматите, со што ќе го запре одлевањето на парите од земјата, потсетува Reuters.

Атина ги ограничи износите во готовина коишто граѓаните можат да ги подигнуваат на банкоматите на 60 евра дневно по картичка, но не и износите во картичните трансакции. Ограничувањата не се предвидени ниту за интернет и за мобилното банкарство во земјата, но парите нема да можат да се префрлуваат надвор од Грција.

За итните потребите како на пример за увоз на лекови и дознаки во странство, грчкото министерство за финансии ќе формира комисија за одобрување на банкарски трансакции, којашто ќе ја разгледува секоја трансакција засебно. Ограничувањата нема да се односуваат за странски кредитни и дебитни картички, па туристите ќе може слободно да подигнуваат пари. Грчките банки ќе бидат затворени најмалку до следната седмица.

Комесарот на ЕУ во понеделникот објавеното соопштение вели дека „Во сегашните околности стабилноста на финансискиот и банкарскиот систем во Грција прашањето на приоритетен јавен интерес и политики и на прв поглед го оправдува воведувањето на привремените ограничувања на капиталните текови….. Зачувувањето на финансиската стабилност е главен и непосреден предизвик за земјата“.

Од Брисел, сепак, предупредуваат дека Грција мора што поскоро да го обнови слободниот проток на капиталот. „Иако воведените рестриктивни мерки во моментов изгледаат неопходни и соодветни, потребно е што е можно поскоро да се обнови слободниот проток на капиталот во интерес на грчкото стопанство, еврозоната и единствениот пазар на Европската унија во целина“, се наведува во соопштението на Европската комисија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП