7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорторико не може да ги плаќа долговите

Порторико не може да ги плаќа долговите

dolari

Гувернерот на Порторико соопшти дека овој остров под надлежност на САД не може да ги исплаќа долговите, кои достигнаа околу 72 милијарди долари.

Весникот Њујорк Тајмс пишува дека ова би можело да предизвика земјотрес во американската економија.

„Долгот не може да се исплати. Нема други опции, а би сакал да постојат. Ова не е политика, ова е математика“, изјавил гувернерот на Порторико, Алехандро Гарсија Падија.

Раководството на овој остров изјави минатата седница дека ќе побара отстапки од сите свои кредитори.

Њујорк тајмс пишува дека мерките би можеле да опфатат одложување на плаќањето на дел од долгот до пет години или продолжување на роковите за отплата.

Долгот на Порторико е двојно зголемен во последните десет години, а инвеститорите се повеќе се грижат дека на властите ќе им недостасуваат пари.

Како дел од американскиот комонвелт, овој остров не може да прогласи банкрот, што значи дека решавањето на оваа ситуација би можело да потрае.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП