29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФутуристичкиот модел на БМВ

Футуристичкиот модел на БМВ

bmw-i3-coupe-concept-la

На автосалонот во Женева германскиот производител „BMW“ претстави неколку нови модели, меѓу кои со својата футуристички визија најмногу се издвојуваше „BMW i3 Concept Coupe“.

„BMW i3 Concept Coupe“ има нагласена динамика која може да биде реализирана од чисто електричен погон –„ BMW eDrive“. Автомобилот е опремен со електромотор од 170 КС и максимален вртежен момент од 250 Нм.

Моќноста се пренесува на задните тркала со помош на едностепенна трансмисија. Електромоторите пак ја црпат својата енергија од литиум-јонски батерии, интегрирани во „Drive“ модулот на возилото.

Распоредувањето на батериите во дното на кабината придонесуваат за постигнување на низок центар на тежина, а оттука и за уште подобра управливост и поголема стабилност.

Во Женева „BMW“ претстави и некои иновативни системи за поддршка на возачот, меѓу кои и системот „BMW Night Vision“, чија цел е спречување на сообраќајни незгоди при ноќно возење. Системот претставува термални камера со инфрацрвени зраци, монтирана во предната решетка. Таа открива топлината, емитувана од објекти на оддалеченост до 100 метри, а во зависност од пријавените температури прави разлика помеѓу луѓе и животни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП