30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата Брако ќе инвестира 4,2 милиони евра во нова опрема и хала

Компанијата Брако ќе инвестира 4,2 милиони евра во нова опрема и хала

Brako - 2

Опрема и нова хала со вредност од 4,2 милиони евра, како и педесет нови вработувања е последната инвестиција во велешката компанија Брако.

Инвестициската програма ќе биде реализирана во текот на следните девет месеци а со истата предвидено е да биде изградена хала од 5100 метри квадратни и набавка на соодветна опрема, модерни CNC машини, CNC ласери и останата најсовремена опрема од метало-преработувачката индустрија.

Brako-1

„Ова несомнено е голем дел од нашата развојна програма со која што имаме за цел зголемување на асортиманот и портфолиото и со тоа проширување на пазарите за пласман на нашите производи. Наше цврсто убедување е дека со инвестирање и вложување во развојот на компанијата, треба да се оди во континуитет без оглед на социо-економските показатели. Минатата година започнавме со производство и извоз на првиот македонски камион што се покажа како многу успешен чекор и заврзано ги освојуваме странските пазари. Оваа инвестиција всушност е одговор на зголемените барања за нашата компанијата како и подобрување на организацијата и менаџментот на производството“, изјави Кочо Анѓушев, Претседател на Бордот на директори.

Brako - 3

Со новата опрема која што значително го модернизира и унапредува досегашното производство, компанијата Брако се очекува да ја зацврсти својата позиција на пазарот и да одговори на производните стандарди на европските пазари.

Како специјализирана компанија за производство на жичани и лимено-цевкасти производи, медицинските помагала и производи поврзани со телекомуникациската опрема, Брако дури 96% од целосното производство го извезува и тоа во 19 држави. Брако во моментов има 450 вработени во Велес и 70 во Панчево, а за првите 9 месеци од оваа година има зголемен промет за 13% споредбено со минатата година со производство на 30.000 тони финални производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП