6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи пред најголем дневен пад од 2011-та

Европските берзи пред најголем дневен пад од 2011-та

berza frankfurt

На европските берзи денеска им се заканува најголемен дневен пад на цените на акциите од 2011-та година, бидеји инвеститорите се повлекуваат од берзите поради страв од банкрот на Грција.

FTSEurofirst 300 индексот на водечките европски акции во 9,30 часот беше во минус 3 отсто, додека индексот Euro STOXX 50 потона за 4 отсто, најмногу од 2011-та година.

Лондонски FTSE, франкфуртски DAX и париски CAC во 9,30 часот беа во минус од 2 до 4 отсто.

Минатата недела цената на акциите на европските берзи силно пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа дека Грција и нејзините кредитори за време на викендот ќе постигнат договор за натамошна помош на оваа членка на еврозоната.

Меѓутоа, со оглед на тоа што преговорите пропаднаа, на Грција и се заканува банкрот од 30-ти јуни, кога на наплата пристигнува рата од ММФ.

Грчката влада најави распишување на референдум на 5-ти јули за да покажат граѓаните што мислат за условите на меѓународната финансиска помош, а тие за време на викендот реагираа со повлекување на пари од банките.

Стравувајќи од колапс на банкарскиот систем, грчката влада воведе во неделата контрола на капиталот, односно ограничување за повлекување на пари од банкоматите, а според владината одлука, банките ќе бидат затворени до 6-ти јули.

И покрај ризикот од колапс на банките, Европската централна банка (ЕЦБ) извести во неделата дека нема да го зголеми нивото на итни заеми за Грција, што дополнително ја отежнува позицијата на грчките банки.

„Грција се наоѓа на излез од еврозоната како никогаш досега и ова веројатно ќе биде лоша недела за берзите“, реле Даниел Мартин, аналитичар во компанијата Capital Economics.

За да спречи остар пад на цените на акциите, на берзата во Атина нема да се работи цела недела.

Под најголем притисок изутрината беа берзите на оние држави кои, како и Грција, имат должнички проблеми и на кои најмногу би можело да влијаат можните потреси на финансиските пазари поради што би можела да порасне цената на задолжувањето.

Цената на акциите во Португалија потона пет отсто, а на берзата во Мадрид над 4 отсто.

„Ризикот од „Грексит“ расте, а несигурноста на берите се зголемува како што влегуваме во непознато подрачје на банкрот, контрла на депозитите, исплатите…“, наведуваат аналитичарите на Goldman Sachs во белешката за клиентите.

И на азијските берзи цените на акциите остро паднаа. MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 9,30 часот беше во минус 3 отсто, спуштајќи се на најниско ниво за последните пет месеци.

На Токиската берза, пак, индексот Nikkei потона 2,9 отсто, на 20.109 поени, губејќи ја целата минатонеделна добивка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП