23 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовите A4 и A4 Avant (фото+видео)

Новите A4 и A4 Avant (фото+видео)

aa vant

„Audi“ објави фотографи и технички детали на моделот „A4“ зa 2016-та. Новата генерација на лимузината порасна во однос на актуелната верзија, а во исто време е полесна и до 120 kg oд претходникот.

Со 6 милиони продадени примероци во текот на две децении на производство, „A4“ е најуспешниот модел на „Audi“ на сите времиња.

Претходната генерација се појави во 2007-ма, а редизајнираната во 2012-та. По осум години „Audi“ претстави целосно нов модел кој од есен ќе се најде во продажните салони.

aa vant1

Новиот „Audi A4“ стилски се надоврзува на претходната генерација – очекувано, производителот значително не го промени дизајнот на автомобилот, а најважните новитети се кријат под каросеријата.

Шестаголната маска на ладилникот има нагласени рабови, фаровите во долниот дел се засечени, а светлата за магла изгледаат помодерно.

Како и досега, дневните „LED“ светла се составен дел од предните светлосни групи. Во понудата се изборни „Matrix LED“ фарови кои дебитираа на „Audi A8“ пред неколку години.

aa vant2

И покрај малите промени и задниот дел од возилото изгледа хармоничен и елегантен благодарејќи на новите, тенки „LED“ стоп-светла.

Сличен рецепт е применет и на караван верзијата, „A4 Avant“.

Со 4.726 mm, „Audi A4 Sedan“ е подолг од предникот за 25 mm. Aвтомобилот е поширок од актуелната верзија за 16 mm (1.842 mm), додека меѓуосовинското растојание порасна за 12 mm (2.820 mm). Висината остана непроменета (1.427 mm).

aa vant3

Меѓутоа караванската верзија е пократка за 1 mm oд претходникот (4.725 mm), но е повисока за 7 mm (1.434 mm).

Караванот има за 15 l поголема зафатнина на багажникот отколку претходно (505 l со исправени седишта, 1.510 l со навалени). Задната клупа е делива во однос 40:20:40.

„Audi“ ги подобри аеродинамичките карактеристики на возилото – коефициентот на отпорот на воздухот на возилото е 0,23, a на караванот 0,26, што ќе се одрази и на помалата потрошувачка на гориво.

aa vant4

Германскиот производител се пофали и со намалената маса на автомобилот за дури до 120 kg (во зависност од верзијата), во споредба со претходната генерација.

Основната лимузина со 1.4 TFSI мотор е тешка 1.320 kg без возач.

Кога станува збор за внатрешноста, патниците на задните седишта на располагање имаат поголем простор за нозете (+23 mm) благодарејќи на продолженото меѓуосовинско растојание.

aa vant5

Возачот и сувозачот ќе уживаат во новите, анатомски обликувани седишта, а покрај по висината, потпирачите на главата можат да се подесуваат и по длабочината.

Патниците можат да бираат меѓу 30 бои на амбиентално „LED“ осветлување, а возачот има можност да ја прилагоди изборната дигитална 12,3 инчна инструмент табла според своите желби и потреби.

Mултимедијалниот систем е опремен со екран со дијагонала од 8,3 инчи, поставен на врвот на централната конзола.

aa vant6

Уредот може да се управува и со помош на гласовни команди, а овозможена е компатибилност со „Android Auto“ и „Apple CarPlay“ системите за поврзување со паметните телефони.

Меѓу бројните изборни опции се издвојува и задниот мултимедијален систем кој се состои од два таблети со димензии од 10,1 инчи, а дополнително можно е да се нарача и „Bang & Olufsen“ аудио уред со 19 звучници.

Понудата на мотори на почетокот ќе опфаќа три бензинци и четири дизели.

aa vant7

Основниот 1.4 TFSI ќе произведува 150 ks (110 kW) и 250 Nm, a во комбинација со „S-tronic“ менувач од 0 до 100km/h ќе стигнува за 8.9 секунди.

Дволитарскиот „TFSI“ е достапен во верзии со 190 ks (140 kW) и 320 Nm, и 252 ks (185 kW) и 370 Nm.

Послабиот модел до „стотка“ забрзува за 7,3 секунди, a помоќниот за 5,8 секунди (во двата случи за пренос на моќта се користи „S-tronic“ менувач).

aa vant8

Дизел опцијата покрива два мотори – четирицилиндарскиот 2.0 TDI со 150 ks (110 kW) и 320 Nm, и 190 ks (140 kW) и 400 Nm, како шестцилиндарски 3.0 TDI во верзии со 218 ks (160 kW) и 400 Nm, и 272 ks (200 kW) и 600 Nm.

Најмоќниот дизел од 0 дo 100 km/h забрзува за 5,3 секунди.

Во понудата ќе се најде и „A4 Avant g-tron“, кој покрај бензин за погон може да користи и природен гас (метан). Oвој модел под хауба има 2.0 TFSI со 170 ks (125 kW) и 270 Nm.

aa vant9

„Audi A4“ со TFSI мотори и четирицилинадарските TDI дизели се опремени со шестбрзински мануелен менувач кој за 16 kg е полесен од актуелниот.

Како опција на располагање е нов автоматски седумстепен „S-tronic“ со двојно квачило.

aa vant10

Најмоќниот 3.0 TDI со 272 „коња“ е опремен со подобрен осумбрзински „tiptronic“ автоматик.

Во продолжение можете да ги погледнете промотивните видео клипови за „A4 Sedan“ и „A4 Avant“:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП