26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТри странски инвеститори најавиле отворање на 1.280 работни места

Три странски инвеститори најавиле отворање на 1.280 работни места

investitoriii

Македонскиот премиер Никола Груевски во неделата информираше дека три странски компании најавиле нови инвестиции во Македонија, во кои ќе бидат отворени вкупно 1.280 работни места.

„Кога зборуваме за она што ВМРО-ДПМНЕ го направи за младите во Македонија, веројатно најважно од се е што во Македонија, инвестираат толку многу компании од светот што се отворија, и допрва ќе се отвораат илјадници нови работни места, кои во најголем дел ги завземаат младите, и нивната иднина во Македонија доби поинаква смисла“, рече Груевски на Годишната конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој рече дека деновиве министерот Бил Павлески го информирал за две нови инвестиции.

„Павлески ме информираше дека се завршија преговорите со една компанија за производство на делови за автомобилска индустрија, главни компоненти во секој автомобил, и самата компанија веќе донела одлука на бордот на директори да инвевестираат во нова фабрика во Пробиштип, во која планираат да вработат 280 луѓе и да инвестираат 15 милиони евра.Тие веќе регистрирале фирма во Македонија и ги ангажирале првите неколку вработени“,рече Груевски.

Според најавата, во првата половина на јули, менаџерскиот тим планира да дојде со цел да го потпише договорот со владата.

Министерот Павлески го информирал Груевски дека друга германска компанија за производство на електрични уреди исто така донела одлука на нивниот борд на директори да инвестираат во ТИРЗ Скопје 30 милиони евра и да вработат 500 лица.

„И тие веќе регистрираа компанија во Македонија и отворија канцеларија и ги имаат вработено првите неколку луѓе. Уште повеќе што оваа компанија пред две недели потпиша договор со ТИРЗ за закуп на парцела на која ќе се гради фабриката“, рече Груевски.

Премиерот нагласи дека од друга страна неделава министерот Висар Фида најавил дека една швајцарска компанија која произведува соларни панели има донесено интерна одлука за инвестиција од 11 милиони евра и до 500 вработувања, исто така во зоната во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП