8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоевтинува роамингот во регионот

Поевтинува роамингот во регионот

roamingggg

Договорот за поевтин роаминг меѓу Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина ќе започне да се применува од 30 јуни, изјави во неделата српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации, Расим Љајиќ.

Тој за РТС изјави дека во наредните три години ќе дојде до постепено снижување на цените на роамингот, со оглед дека тие се неколкукратно поголеми во однос на државите од Европската унија.

Во врска со одлуката на Уставниот суд на Црна Гора дека договорот не бил во согласност со интересите на тамошните оператори, Љајиќ рече дека ги контактирал колегите од Црна Гора и дека добил уверување дека договорот ќе стапи на сила и покрај одлуката на судот.

Љајиќ појасни дека регулаторното тело во Црна Гора ќе донесе нова одлука која ќе биде во согласност со договорот и додаде дека примената на истиот нема да биде одложена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП