21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранските туристи во Швајцарија потрошиле 16 млрд франци

Странските туристи во Швајцарија потрошиле 16 млрд франци

shvajcarijajm8fu38yhrg32

Туристичкиот сектор во Швајцарија продолжи со растот во минатата година, со зголемување на приходите од странските туристи кои потрошиле 16 милијарди франци, односно за 2,7 проценти повеќе отколку во 2013 година, објави Федералниот статистички завод.

Од друга страна, граѓаните на Швајцарија на своите патувања во странство потрошиле 15,7 милијарди франци, што е за 4,7 проценти повеќе и всушност тоа е највисокото ниво некогаш забележано, пренесува швајцарскиот весник 24 часа.

Ваквите трендови резултираа со пад од 287 милиони франци во туристичкиот биланс, но тој сепак остана позитивен за 295 милиони франци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП