24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се приватизираат клучните компании во Грција

Ќе се приватизираат клучните компании во Грција

greek-privatization

Агенцијата за приватизација на Грција објави дека до крајот на април треба да ги добие понудите на оние што сакаат да учествуваат во приватизација на државните активи.

Шефот на агенцијата Јанис Емирис изјави дека процедурите се во тек и дека планираните приватизации ќе покажат дека Грција широко ги отворила вратите за инвеститорите.

Тој истакна дека агенцијата очекува да добие понуди за двете гасни компании ДЕПА и ДЕСФА и за компанијата за спортско обложување ОПАП, кои се меѓу приоритетно објавените за приватизација од Владата во Атина.

– Ако приватизацијата е успешна, може да се очекува дека голем дел од целта за наоѓање на приходи во буџетот ќе биде постигната, рече Емирис.

До 2020 година во буџетот треба да влезат 22 милијарди евра, а не 45 колку што беа првично планирани. Оваа година Грција се надева да собере 4,9 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП