5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлаг пад на цената на нафтата, се чека исходот од преговорите за...

Благ пад на цената на нафтата, се чека исходот од преговорите за Иран

nafta kop

Цената на нафтата благо падна во петокот на светските берзи, спуштајќи се на 63 долари во очекување на исходот од преговорите за иранската нуклеарна програма кои би можеле да доведат до зголемување на извозот на сирова нафта од Иран.

На лондонската берза цената на нафтата поефтини за 20 отсто во однос на претходното затворање и изнесува 63 долари по барел, а на американската берза се тргува по 25 центи пониска цена од 59,45 долари.

Можноста за договор на Иран и западните држави со кој би завршил спорот околу иранската нуклеарна програма, а со тоа и економските санкции на Техеран ги кочи нафтените пазари, со оглед дека растот на иранскиот извоз дополнително би го заострил проблемот со прекумерно снабдување. Крајниот рок за постигнување на преговори е 30 јуни.

„Доколку биде постигнат договор, тоа ќе биде изненадување. Во тој случај цените веројатно ќе паднат помеѓу пет и 10 отсто“, проценува Оле Хансен од Saxo Bank.

Барбара Ламбрехт од франкфуртска Commerzbank оценува дека изгледите за постигнување на договор во дадениот рок не се многу големи. „Се чини дека рокот ќе биде пролонгиран“, додаде аналитичарката.

Нафтените берзи ги следат и преговорите во Грција и нејзините доверители, кои во последен час би требало да најдат решение за навремено подмирување на грчкиот долг и со тоа да се избегне излегување на државата од еврозоната.

Доколку Грција не биде во можност на време да ги врати враќа долговите, доларот ќе зајакне кон еврото, што ќе ја притисне цената на нафтата, толкуваат економистите.

Истовремено OPEC објави дека цената на барел референтна кошничка нејзина нафта во четвртокот изнесувала 59,64 долари, што значи дека била за 1,04 долари пониска во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП