17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Тутунска банка започна со издавањето на новите транзитни гаранции

НЛБ Тутунска банка започна со издавањето на новите транзитни гаранции

nlb tut2

НЛБ Тутунска банка во петокот соопшти дека стартува со издавањето на новите транзитни гаранции.

Банката, која себе се смета за водечка банка на македонскиот пазар, кога станува збор за имплементација на иновации, соопшти дека успешно ја реализира оваа задача благодарение на реномето што го има кај коресподентските банки, но и подготвеноста на своите вработени.

Почнувајќи од 1 јули 2015 година, на покана на меѓународната заедница, Република Македонија ќе стане полноправна членка на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и на Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија на стока.

Со цел да одговорат на барањата на Конвенцијата, деловните банки во Македонија, имаат обврска да обезбедат свои агенти во сите земји членки на Конвенцијата. т.е. адреси за потребите на достава на барања на наплата на гаранциите и соодветна документација согласно условите на гаранцијата пропишани во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка. Со пристапувањето кон оваа Конвенција ќе се овозможи полесно и побрзо движење на стоката без застој на граничните премини и без поднесување на посебни царински документи во секоја попатна земја.

Пристапувањето кон Конвенцијата наметнува промени во обрасците на банкарските гаранции, кои банките во Македонија досега ги издаваа, а кои НЛБ Тутунска банка успешно ги финализираше. Додека старите гаранции беа важечки само на национално ниво, новите ќе важат во сите земји членки на ЕУ, и по избор во земјите на ЕФТА и Турција, стои во соопшението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП