18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА“Денови на македонскиот туризам” во Ниш

“Денови на македонскиот туризам” во Ниш

мак-тур

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денес вечер во Ниш ќе ги претстави македонските туристички производи со цел зголемување на бројот на српски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат Македонија.

Настанот ќе биде збогатен со дегустација на македонска храна и вино, македонска музика и пригодна наградна игра, а најсреќните ќе имаат можност да бидат добитници на автентични производи од Македонија, тоа се охридските бисери, филигранот со македонски рубин и викенд во Охрид за двајца.

Со оглед на тоа дека бројот на туристи од година во година расте, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот ќе продолжи и понатаму да ја дава потребната поддршка на странски тур оператори преку доделување на субвенции за странски туристички промет во државата, се вели во соопштението.

Успешните промотивни активности на АППТРМ на туристичкиот пазар во Србија позитивно се одразија на зголемување на број на туристи од оваа земја кои во последните неколку години изнесува повеќе од 12 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП