20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во април 21.746 денари

Просечната плата во април 21.746 денари

denari isplata

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2015-та, изнесува 21.746 денари, што претставува номинално зголемување за 2,7 отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (32,9 отсто), Уметност, забава и рекреација (9,8 отсто) и Други услужни дејности (9,5 отсто).

На месечно ниво, просечната нето плато е зголемена за 344 денари во однос на мартовската плата, која изнесувала 21.402 денари

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (7,3 отсто), Транспорт и складирање (4,3 отсто) и Информации и комуникации (3,7 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2015-та изнесува 31.939 денари.

Во април 2015-та година, 1,5 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП