17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAetna е многу блиску до купување на Humana

Aetna е многу блиску до купување на Humana

aetna 33

Американскиот здравствен осигурител „Aetna Inc.“ е на пат да го купи својот ривал „Humana Inc.“, а договорот може да биде потпишан уште овој викенд, пренесува „Bloomberg“, повикувајќи се на лица кои се запознаени со процесот.

„Humana“ добила понуда од „Сigna Corp“, но Бордот на директори на „Humana“ ја преферирал понудата на „Aetna“, тврди агенцијата. Не е сигурно дека, сепак, „Aetna“ ќе надвладее, пишува „Ројтерс“.

Според „Bloomberg“, оваа недела „Aetna“ упати официјална понуда за купување на „Humana“, вклучувајќи парично плаќање и плаќање со акции.

Изворите на агенцијата соопштуваат дека во последните денови разговорите меѓу двете компании се продлабочија откако минатиот викенд стана јасно дека конкурентите „Anthem Inc.“ и „Cigna“ почнаа преговори за спојување по сопствена иницијатива.

Во саботата од „Anthem“ понудија 47 милијарди долари за својот помал конкурент „Cigna“ кој ја одби понудата уште наредниот ден.

Разговорите се продлабочуваат, откако осигурениците бараат начини да се намалат административните трошоци и да преговараат со лекарите за пониски цени.

По вестите во четвртокот акциите на „Aetna“ забележаа раст од 4,3%, за да достигнат историска цена од 133,05 долари, а оние на „Humana“, чија пазарна капитализација e 27,59 милијарди долари, поскапеа за 6,5% до 196, 21 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП