26 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ без милост, чека пари од Грција

ММФ без милост, чека пари од Грција

grcija-grcijajjjajajjaja

Меѓународниот монетарен фонд очекува дека Грција ќе го врати долгот од 1,5 милијарди евра, и тоа до истекот на рокот, 30. jуни.

„Очекуваме исплатата да биде извршена до 30. jуни, а тоа е она што грчките власти го кажаа и јавно“, рекол портпаролот на ММФ, Џери Рајс.

ММФ додаде дека ќе остане флексибилен во преговорите со Грција и негираше дека на таа земја ќе и биде поставен ултиматум.

„ММФ никогаш не поставува ултиматум „земи или остави“. Ние тоа не им го правиме на нашите земји членки. Тоа што го правиме е „нешто даваме во замена за нешто друго“, изјави Рајс.

Грција на почетокот на месецот постигна договор да и се продолжи рокот за враќање на долгот до 30 јуни.

Рајс изјави дека Грција нема да има пристап до средставата на ММФ, доколку тој долг не се плати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар