10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеверојатно закрепнување на Португалија

Неверојатно закрепнување на Португалија

portugalija3498

Буџетскиот дефицит на Португалија во првиот квартал оваа година изнесувал 5,8 проценти од бруто домашниот производ, за разлика од 5,9 проценти во истиот квартал минатата година.

За цела 2015 година португалската влада има намера да го намали дефицитот под нивото од 3 проценти од БДП, односно на 2,7 проценти, што на оваа држава ќе и овозможи да излезе од постапката за прекумерен дефицит, соопшти Националниот институт за статистика ИНЕ, пренесува весникот Либр.

Во 2014 година португалскиот буџетски дефицит изнесувал 4,5 проценти од БДП.

Истиот извор потсетува дека Португалија во мај 2014 година излезе од програмата за меѓународна помош од 78 милијарди евра, која тројката (Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд) и ја одобри во 2011 година, под услов штедење.

Португалија во 2015 година усвои буџет без дополнителни мерки за штедење. Во 2014 година беше забележан првиот економски раст започнувајќи од 2010 година, по стапка од 0,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП