Тие ги прават најпопуларните фаблети со дисплеи од 5.5 инчи да изгледаат како играчки. Ова се 10-те смартфони со најголеми дисплеи на пазарот во моментов.
10. Archos 64 Xenon – 6.4 инчи
Францускиот производител „Archos“ е релативно популарна во целиот свет со своите евтини смартфони. Овој модел е со резолуција на екранот од 720 пиксели и 229 точки по инч, „quad-core“ процесор „MediaTek MT6582“, 1 GB RAM меморија. Моделот има 8 мегапикселна задна камера и релативно слаба батерија за сличен уред од 2800 mAh.
9. ZTE Nubia X6 – 6.4 инчи
Овој фаблет има се што е потребно за еден уред со слична големина. Тој се одликува со „quad-core“ процесор „Snapdragon 801“, 3 GB RAM меморија, 13-мегапикселна камера, и огромна батерија со капацитет од 4250 mAh. Екранот има резолуција од 1080×1920 пиксели, а се одликува со 342 точки по инч.
8. Sony Xperia Z Ultra – 6.4 инчи
Во 2013-та година овој модел го држеше рекордот за најголем смартфон. Иако веќе е постар модел, тој се одликува со многу добар дисплеј со резолуција 1080×1920 пиксели и заситеноста од 344 точки по инч. Процесорот му е „Snapdragon 800“, а оперативната меморија е 2 GB. Најголемата слабост е камерата која е само 8 мегапикселна. Батеријата му е со капацитет од 3050 mAh.
7. Hisense X1 – 6.8 инчи
Овој модел беше претставен од кинескиот производител за време на саемот во Лас Вегас кој се одржа минатата година. Тој има „LCD“-дисплеј со резолуција од 1080×1920 пиксели, „quad-core“ процесор „Qualcomm Snapdragon 800“ и 13-мегапикселна камера. Батеријата му е со капацитет од 3900 mAh, а оперативниот систем е „Android 4.4 KitKat“.
6. Huawei P8 Max – 6.8 инчи
Ова е последниот ултраголем фаблет, претставен на пазарот во мај оваа година. Тој е со дисплеј со резолуција 1080×1920 пиксели, процесор е од сопствено производство – осумјадрен „HiSilicon Kirin 930“, 3 GB RAM меморија и 13-мегапикселна камера. Се одликува со исклучително моќна батерија од 4360 mAh.
5. Cube Talk 69 – 6.95 инчи
Уште еден кинески производител нуди ултраголем смартфон. Тој е со исклучително конкурентна цена од 247 долари, а има осумјадрен процесор од „MediaTek“, 2 GB RAM меморија, дисплеј со резолуција од 1080×1920 пиксели и 13-мегапикселна камера. Батеријата му е со капацитет од 3100 mAh.
4. CoolPad Halo – 7 инчи
Ова е еден од четирите фаблета на пазарот со максимална димензија од 7 инчи. Со слична големина на дисплеите, корисниците често купуваат таблети. Уредот е со дисплеј со резолуција од 1080×1920 пиксели, осумјадрен процесор од „MediaTek“, RAM меморија од 2 GB и батерија со капацитет од 4000 mAh.
3. Celkon Xion S CT695 – 7 инчи
Еден од најслабите уреди со големи дисплеи во однос на техничките карактеристики. Резолуцијата му е 600×1024, а има „dual-core“ процесор од „MediTek“, 1 GB RAM меморија, 5 мегапикселна камера и батерија од 2500 mAh.
2. BLU Studio 7.0 – 7 инчи
Уште еден исклучително евтин фаблет. Тој се произведува од компанија „BLU“ со седиште во Мајами, главно со користење на делови од Кина. Смартфонот е со резолуција од 600×1024 пиксели, 5 мегапикселна камера и „dual-core“ процесор со фреквенција од 1.2 гигахерца. Располага со 5 мегапикселна камера и батерија со капацитет од 3000 mAh.
1. Huawei MediaPad X1 – 7 инчи
Овој фаблет се одликува со исклучително тенки граници. Телото му е далеку помало во споредба со останатите 7-инчен фаблети присутни во рангирањето. Екранот има резолуција од 1200×1920 пиксели, што му дава густина од 323 точки по инч, што е сериозно достигнување за дисплеј со слична големина. Инаку процесорот е „HiSilicon Kirin 910“, има 2GB RAM меморија и 13-мегапикселна камера. Најзабелижителното кај овој фаблет, освен екранот му е батеријата со капацитет од 5000 mAh, со каква не може да се пофали ниту еден друг фаблет од категоријата.