
Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.


Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.
Поради градежни работи во петок , во периодот од 16 до 17 часот, во прекин ќе биде сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчанско речиште.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.