13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеркел смета дека договорот со Грција мора да се постигне до понеделник

Меркел смета дека договорот со Грција мора да се постигне до понеделник

merkelllll

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави на состанокот со челниците на партиите од десниот центар (EPP) во четвртокот во Брисел, дека договорот за грчкиот долг мора да биде постигнат пред отворањето на финансиските пазари во понеделник.

Грција „нема да ја уценува Германија“, изјавила германската канцеларка Ангела Меркел на состанокот на челниците на Европската народна партија (ЕPP), на кој присуствуваше и македонскиот премиер и лидер на владејачката ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, пренесува Reuters од упатени извори.

Неименуван член на германската влада од принципиелни причини одбил за агенцијата да ги коментира зборовите на Меркел, велејќи дека се кажани на приватна средба, но предупредил на драматичноста на ситуацијата. „Секој знае што ќе се случи следната седмица и секој знае дека се изброени деновите за решение“, рекол соговорникот на Reuters.

Македонскиот премиер претходно изјави дека на самитот на челниците на EPP, на кој учествува и челниците на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и на Европскиот совет, Доналд Туск, биле искажани различни видувања за тоа на каде треба да се продолжи во однос грчката криза, и оти дискусијата се движела од потврди ставови што укажуваат на тоа дека какво и да е сериозно попуштање ќе значи негативен сигнал кон некои други држави членки на еврозоната и помеки ставови што укажуваат на ризиците со кои може да се соочи Европа доколку ситуацијата заврши на лош начин,

Меркел и германскиот министер за финансии Волгфанг Шојбле во понеделник треба да поднесат пред парламентарната комисија на германскиот Бундестаг, извештај за преговорите со Грција, по што пратениците во вторник траба да гласаат за овозможувањето дополнително време за владата во Атина да ги исплати своите долгови кон меѓународните доверители.

Министрите за финансии од земјите од еврозоната во четвртокот ги прекинаа преговорите за договорот со кој Грција би ги добила потребните пари за исплата на долговите во замена за спроведување на реформите кои од неа ги бараат кредиторите, пред реалната закана да не може да ги сервисира своите обврски. Според неименуван соговорник на AFP, претставник на земја од еврозоната, преговорите ќе бидат продолжени во саботата наутро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП