22 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПремија 7ка вредна 120.000 евра за уплатени 120 денари

Премија 7ка вредна 120.000 евра за уплатени 120 денари

1789765-loto-les-resultats-du-tirage

Посакуваната премија 7ка од играта НовоЛото 7/34, го обележа 50то коло кое се реализираше вчера – на 24.06.15, а беше емитувано во редовниот термин на ТВ Сител.

Ова е третата 7ка  во 2015, а 11та од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.

7ката е вредна 7.275.913,41 денари. Уплатени се 8 ( осум) комбинации, од кои добитна е 6тата комбинација со броевите: 2, 8, 13, 20, 25, 30, 32 +1. Уплатата е извршена во Скопје во продажното место Толлакс на Плоштад Македонија. Играчот ќе добие 120.000 евра за уплата од 120 денари

Покрај 7ката изненадување за играчите беа и двете добивки 6+1 кои носеа по 1.218.501,00, од кои едната уплата е реализирана во Кавадарци во Сигма, а другата во Скопје, во Лубито, кај Драмски театар. Добитниците на 6+1 уплатиле по 2 комбинации, при што за 30 денари ќе добијат по 20 000 евра.

Вчера беа постигнати и 7 добивки со по 6 погодоци и 188 добивки со по 5 погодоци и бројни добивки за 4 погодоци. 50тото коло ќе се забележи и со до сега најитересната табела на добивки, со постигнати сите можни добивки од оваа игра на среќа:

НовоЛото 7/34 добивки Број на добитници Вредност на добивка
7 погодоци 1 7.275.913,50
6+1 погодоци 2 1.218.501,00
6 погодоци 7 13.079,50
5 погодоци 188 487,00
4 погодоци 1.824 117,00

 

Добитниците ги очекуваме во Државна лотарија на Македонија за да се запознаеме со нивните среќни приказни кои ќе ги споделиме со вас.

Фондот за 7ка сега изнесува 100.000 евра/6.000.000 денари  кои ги гарантира Државна лотарија на Македонија. Примамлива е добивката и на дополнителната игра Џокер која нуди над 2.000.000 денари.

Играта НовоЛото 7/34 e со право омилената игра на македонските играчи на игрите на среќа.

За  добро!

Државна лотарија на Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП