19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвозможен побрз проток на патници и стока

Овозможен побрз проток на патници и стока

Image=====

Агенцијата за храна и ветеринарство и Царинска управа со Меморандум за соработка, ќе го подобруваат протокот на патници и стока.

Меморандумот е поттик за интензивирање на взаемната соработка во делот на контрола на храната од животинско и неживотинско потекло и на производите кои доаѓаат во контакт со храната со крајна цел заштита на економските, трговските, фискалните и општествените интереси на Македонија.

Со овој документ се дефинира соработката меѓу двете институции за спречување на влез на небезбедни пратки со храна или храна за животни, нуспроизводи од животинско потекло и материјали кои доаѓаат во контакт со храната, но и начинот на спроведување на брзи и ефикасни контроли на граничните премини и складови на пратки со вакви производи.

Меморандумот за соработка е основа за олеснување, поедноставување и обезбедување на побрз проток на патници и стоки во патниот, воздушниот и железничкиот сообраќај, како и за создавање на услови за обезбедување на високо ниво на заштита и безбедност на населението, но и за размена на информации кои се однесуваат на безбедноста и квалитетот на храната и на производите кои доаѓаат во контакт со храната.

Со потпишување на Меморандумот, Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство изразуваат волја за унапредување на соработката и јакнење на меѓусебната помош, следење, усогласување, оптимизација и изнаоѓање решенија на евентуални проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП