10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Без напредок, Грција направи чекор наназад

Шојбле: Без напредок, Грција направи чекор наназад

shojbleeeeee889

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле предупреди во четвртокот дека преспективите за постигнување на договор меѓу Грција и нејзините кредитори се смалуваат, во моментите кога се одржува состанокот на еврогрупата за грчката должничка криза.

„Грците направија чекор назад. Сега сме повеќе на оддалечени, отколку на доближени позиции“, изјави Шојбле по доаѓањето на преговорите во Брисел, пренесе агенцијата Франс прес.

Исотвремено, шефот на еврогрупата Јерун Дајселблум, по доаѓањето на состанокот, потврди дека кредиторите и Атина се уште не постигнале договор.

„Единствена работа која и ја претставивме на еврогрупата се предлозите на институциите, за што немаме согласност од Грција“, изјави Дајселблум.

Претходно беше јавено дека Грција и нејзините кредитори, ММФ, ЕК и ЕЦБ, ќе достават сосптвени планови за реформи на членовите на еврогрупата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП