6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОртега заработил повеќе од две милијарди долари за еден ден

Ортега заработил повеќе од две милијарди долари за еден ден

zara-1222

Сопственикот на „Zarа“, Амансио Ортега во еден ден своето богатство го има зголемено за повеќе од две милијарди долари.

Oртега веќе некое време е вториот најбогат човек во светот. Пред него е Бил Гејтс, а на трето место се наоѓа Ворен Бафет.

Тоа што е интересно за Ортега е дека во понеделникот е побогат за дополнителни 2.3 милијарди долари.

Имено, цената на акциите на неговиот „Inditex“, најголемиот светски трговец со облека, пораснаа за 3,9 отсто. Според индексот на „Блумберг“ за милијардери, добивката на Ортега била 500 милиони долари поголема од сите други во топ десет заедно.

Oд почетокот на годината богатството на Ортега се зголемило за 18 проценти, односно за 11 милијарди и сега 72 милијарди долари. Во последните три години богатството на Ортега се има зголемено за неверојатни 80 отсто.

Доколку продолжи со ова темпо, Ортега би можел наскоро да го симне од тронот Бил Гејтс како најбогатиот човек во светот, на кој веќе е 16 години. Засега неговата нето вредност изнесува 86 милијарди долари, но богатството на Ортега расте речиси двојно побргу од она на Гејтс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП