12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на американскиот БДП помал од очекуваниот

Падот на американскиот БДП помал од очекуваниот

amerika1

Падот на американскиот бруто домашен производ во првиот квартал бил помал отколку што се проценувало, при што активностите ги притисна острата зима, силниот долар, заштедите во енергетскиот сектор и прекинот на работата на пристаништето на западниот американски брег.

Министерството за трговија во конечните проценки објави дека БДП во првиот квартал оваа година е намален за 0,2 проценти во споредба со истиот период минатата година, ревидирајќи ја претходно проценката според која е намален за 0,7 проценти.

Далеку поблагиот пад најмногу и се препишува на силната лична потрошувачка за разлика од тоа што претходно беше проценето. Личната потрошувачка, инаку заслужна за повеќе од две третини од американската економска активност, порасна во првите три месеци за 2,1 проценти, наспроти првично проценетите 1,8 проценти.

Нагоре се ревидирани и проценките за растот на извозот, но нивното позитивно влијание изостана поради исто така нагоре ревидираниот раст на увозот, од кој и понатака произлегува голем дефицит кој ја нагриза стапката на раст на БДП за речиси два процентни поени, покажаа конечните проценки.

Ревизијата на податоците за БДП за првиот квартал е во склад со очекувањата на економистите. Во четвртиот квартал од 2014 година најголемата светска економија порасна за 2,2 проценти на годишно ниво, потсетува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП