29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMonsanto го зголеми профитот, сака да ја купи Syngenta

Monsanto го зголеми профитот, сака да ја купи Syngenta

Monsanto-Logo

Американскиот производител на генетски модифицирано семе „Monsanto“ забележа подобри резултати од очекуваните во третиот фискален квартал и повторно изрази интерес за купување на швајцарскиот конкурент „Syngenta“.

Профитот на компанијата во три месеци заклучно со мај изнесувал 2,39 долари по акција, во однос на 1,62 долари од истиот период лани, пренесува агенцијата АП.

Аналитичарите очекуваа заработка од 2,05 долари по акција.

Компанијата во извештајниот период забележа приходи од 4,58 милијарди долари, додека аналитичарите прогнозираа 4,65 милијарди. „Monsanto“ во тековната фискална година очекува профит од 5,75 до 6,0 долари по акција.

„Monsanto“ повтори дека неговата цел е до 2019 година повеќе од двојно да го зголеми профитот во однос на нивото од 2014 година, додавајќи дека сака спојување со швајцарскиот производител на хемикалии „Syngenta“, кој три пати ја одбиваше понудата на американската компанија. Последната понуда вредна 45 милијарди долари „Syngenta“ ја одби наведувајќи дека „Monsanto“ ја потценил вредноста на компанијата и дека сака да ја купи евтино.

„Syngenta“ е најголемиот производител на хемикалии за насади а аквизицијата би му помогнала на „Monsanto“ да ја диверзификува својата понуда.

Акциите на „Monsanto“ од почетокот на 2015 година ослабеа за шест проценти, а во последните 12 месеци за седум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП