1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗамена на постојните и издавање на нови транзитни царински гаранции во Комерцијална...

Замена на постојните и издавање на нови транзитни царински гаранции во Комерцијална банка

komercijalna-banka22

Комерцијална банка АД Скопје е првата банка во Република Македонија која е подготвена за замена на постојните и за издавање на нови транзитни царинскии гаранции, бидејќи  преку своите добри деловни контакти и соработници од својата разграната мрежа на кореспондетни банки го исполни неопходниот услов за воспоставување агенти во сите земји членки на транзитната конвенција, т.е. адреси за потребите на достава на барања на наплата на гаранциите и соодветна документација согласно условите на гаранцијата пропишани во Конвенцијата за заеднича транзитна постапка.

Република Македонија почнувајќи од 01-ви јули 2015-та година ќе стане полноправна членка на Конвенцијата за заедничка транзитна постапка, со што ќе биде прва од земјите од Западен Балкан што ќе се приклучи кон оваа Конвеција и целосно ќе се интегрира во делот за транзитот на стоки со сите земји членки на ЕУ, ЕФТА и Турција.

Со пристапувањето кон оваа Конвенција ќе се овозможи полесно и побрзо движење на стоката без застој на граничните премини и без поднесување на посебни царински докумнети во секоја попатна земја.

Во таа насока Банките, вклучително и Комерцијална банка АД Скопје имаат значајна улога во делот  на издавањето на банкарските гаранции за транзит на економските оператори кои се главните носители во транзитната постапка.

Со пристапувањето кон Конвенцијата, неопходни се промени во обрасците на банкарските гаранции кои банките досега ги издаваа. Истите беа важечки само на национално ниво, додека новите мора исклучиво да важат во сите земји членки на ЕУ, и по избор во земјите на ЕФТА и Турција, со кои главните обврзници имаат деловна соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП