17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСо предавање на Мади Шарма стартува Бизнис Комплексот КоСид

Со предавање на Мади Шарма стартува Бизнис Комплексот КоСид

madi-sharma

Еден од најголемите светски говорници на тема претприемништво Мади Шарма ќе учествува на две бесплатни работилници посветени на предизвиците со кои се соочуваат претприемачите.

Со двете работилници, кои се одржуваат во четвток во Скопје и официјално ќе биде одбележан почетокот на активностите на Бизнис Комплексот КоСид.

Со цел подобро да се запознае јавноста со иновативните програми кои ги нуди Комплексот, предвидено е Мади Шарма да одржи брифинг во петок од 10 до 12 часот во кафе барот Тренд .

Бизнис Комплексот КоСид претставува нов, целосен екосистем за бизнис и претприемништво во Република Македонија.

КоСид е дизајниран да ја поттикне, едуцира и да ја подобри деловната продуктивност и развојот на компаниите, како на локално така и на регионално ниво. Oвој центар претставува и платформа за креирање и промовирање на нови работни места, како и за иновативна и истражувачка, социјална и економска одржливост на истите.

КоСид е креиран од претприемачи за претприемачи и ќе понуди услуги за сите компании, без разлика на нивната развојна фаза.

КоСид е заедничка инвестиција на Seavus® и MADI Group® создадена со цел промовирање стимулирање и развој на претприемништво, поттикнување на иновации, развој на партнерства и подобрен пристап до финансиски средства.

Seavus® е компанија за развој на софтвер и консалтинг услуги со докажано искуство во успешни бизнис софтверски решенија. Компанијата брои преку 600 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи го европскиот и американскиот пазар преку неколку канцеларии и претставништва во светот.

MADI Group®, чиј основач е Мади Шарма, e меѓународна групација на приватни компании, социјални претпријатија, како и меѓународна глобална мрежа на независни и непрофитни организации МАДИ Центри. Филозофијата на групацијата е креирање на иновативни идеи прилагодени за локални активности кои имаат глобално влијание и придонесуваат кон одржливо општество.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП