16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБразил очекува инфлација од девет проценти во 2015 година

Бразил очекува инфлација од девет проценти во 2015 година

brazil1155

Централната банка на Бразил ја зголеми вчера прогнозата за инфлацијата во 2015 година на девет проценти, двојно повеќе во однос на целното ниво, што е нов показател за лошата година која е пред седмата според големина светска економија.

Банката исто така ја намали прогнозата за економскиот раст, па сега очекува негативен раст од 1,1 проценти во однос на претходно очекуваните негативни 0,5 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Економската прогноза е во согласност со претходно прогнозираната инфлација од 7,9 проценти, во однос на целта од 4,5 проценти, плус или минус два процентни поени. Банката на последните шест состаноци исто толку пати ја зголемуваше клучната каматна стапка во обид да го запре растот на цените, а стапката во моментов е на максимум од 13,75 поени.

Стапката на инфлација минатата година во Бразил изнесувала 6,4 проценти, а БДП пораснал 0,1 проценти, забележувајќи ја четвртата последователна слаба година, по сјајниот раст од 7,6 проценти во 2010 година.

Глобалниот пад на цените на нафатата, фискалниот дефицит, валутните слабости и растечката невработеност се најголемите проблеми кои ја погодуваат бразилската економија. Владата на Бразил предвидува дека земјата ќе се врати на патот на економскиот раст од еден процент во 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП