13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовремен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Повремен прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

avtopat559

Сообраќајот на патиштата низ Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Од АМСМ ги информираат возачите дека во четврток и петок сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчанско речиште, ќе биде во прекин од 16:00 до 17:00 часот, поради изведување градежни работи (минирање).

Во четврток на патниот правец А2 Кичево – Охрид (Пресека – Врбјани) поради изведување градежни работи (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин од 15:00 до 17:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП