Царинската управа и компанијата „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“ потпишаа во средата Меморадум за соработка чија главна цел е зајакнување на координацијата и соработката во борбата против нелегалната трговија со тутунски производи.
Меморандумот предвидува механизми за соработка меѓу Царинската управа и „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ за борба против нелегалната трговија, меѓу кои се и специфични обуки за царинските службеници и размена на информации за истраги и кривично гонење на прекршителите.
Меморандумот го потпишаа директорот на Царинската управа на Република Македонија, Наташа Радеска Крстевска, и генералниот директор на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“, Емре Козлу и претставник на „Филип Морис Интернешнал Менаџмент“, како трета договорна страна на Меморандумот.
Со потпишување на меморандумот договорните страни искажаа одлучност и посветеност за реализација и натамошен развој на ефективна рамка за соработка што ќе придонесе за подобра наплатата на буџетските приходи.
Нелегалната трговија со тутунски производим како што е шверцот со цигари, дикректно го оштетува државниот буџет, а истовремено претставува сериозен проблем за легалната индустрија со тутун и тутунски производи која го почитува законот.