21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата благо порасна во очекување на пад на залихите во...

Цената на нафтата благо порасна во очекување на пад на залихите во САД

nafta666

Цената на барел нафта порасна во средата на светските берзи кон 65 долари, поттикната од очекувањата дека новите официјални податоци од САД повторно ќе покажат пад на залихите, осма недела по ред, сигнализирајќи прекумерно снабдување.

На лондонската берза цената на барел нафта порасна 30 центи во однос на претходното заторање и изнесуваше 64,75 долари по барел, а на американската берза со барел се тргува по 39 центи повисока цена, од 61,40 долари.

Американскиот институт за нафта (API) извести во вторникот дека залихите на сирова нафта во минатата недела повторно се намалени, и тоа за 3,2 милиони барели, а се очекува дека официјалните податоци денеска ќе го потврдат трендот на намалувањето.

„Американските залихи на сирова нафта беа на рекордни нивоа…но можеби нема да бидат уште некое време со оглед на закрепнување на побарувачката во јуни“, напоменува Тони Нунан од токијски Mitsubishi.

Се проценува дека извештајот на американската влада за минатата недела покажа пад на залихите на сирова нафта за 2,1 милион. Тоа би било намалување осма недела по ред.

Дополнителна поддршка на цената во средата пружија сомнежите дека Иран и шесте светски сили до крајот на месецот ќе постигнат договор за решавање на спорот околу иранската нуклеарна програма.

Иранскиот врховен водач во вторникот ја отфрли можноста од замрзнување на чувствителното нуклеарно истражување на подолго време, а иранскиот парламент донесе закон со кој на инспекторите на Обединетите нации им забранува пристап до воените објекти и до научниците. Намалените шанси за договор ги намалуваат и изгледите за враќање на иранската нафта на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП