22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин ги продолжи санкциите за една година

Путин ги продолжи санкциите за една година

putinvladimirputinputin5746

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша денес наредба за продолжување на забраната за увоз на храна од западните земји за уште една година.

Рестриктивните мерки се продолжени за 12 месеци започнувајќи од 24. јуни 2015 година, се наведува во одлуката.

Премиерот Дмитриј Медведев претходно побара од Путин да ги подржи руските санкции кон Западот, како одговор на одлуката на ЕУ за продолжување на санкциите кон Москва за шест месеци.

Русија минатата година воведе забрана за увозот на прехрамбени производи од западните земји, откако тие држави воведоа санкции за Москва поради кризата во Украина.

Санкциите на Западот се однесуваат на рускиот финансиски, одбрамбен и енергетски сектор, но само во областа на нафтените компании, рускиот гасен сектор не е мета на казнените мерки на Западот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП