18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекорден раст на шпанската економија

Рекорден раст на шпанската економија

shpanija-madrid

Шпанија оваа година забележала најголем економски раст од економската криза во 2008 година, изјави шпанскиот министер за економија Луис де Гиндос.

Гиндос изјави дека за првите шест месеци, во споредба со минатата година, е забележан раст од четири проценти, што е половина процент повеќе отколку што се предвидуваше.

Тој изјави дека растот во вториот квартал би требало да изнесува повеќе од 0,9 проценти во однос на првиот квартал.

Шпанија беше тешко погодена со светската економска криза, а од двојната рецесија излезе дури на крајот на 2013 година. Економијата на оваа земја сега бележи економски раст кој е еден од највисоките во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП