10 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилите на Ford „гледаат зад аголот“ (фото+видео)

Автомобилите на Ford „гледаат зад аголот“ (фото+видео)

gleda ford

Излегувањето на автомобилот од гаража или влегувањето во непрегледна раскрсница од споредни улици претставува потенцијална опасност за учесниците во сообраќајот.

И покрај големата претпазливост, возачот сепак мора да излезе со предниот дел на автомобилот, како би имал подобра прегледност. Токму во тој момент може од страните да наиде пешак, велосипед или друго возило.

Со цел да ја подобри безбедноста на своите автомобили, „Ford“ во одредени модели воведе нова технологија која му овозможува на возачот да „гледа зад аголот“. Новата генерација на моделите „S-MAX“ и „Galaxy“ се опремени со безбедносниот систем „Front Split View Camera“.

gleda ford1

Со помош на овој систем возачот на екранот во својот автомобил може да гледа што се случува зад аголот и безбедно да се вклучи во сообраќајот од паркинг или споредна улица.

Камерата која има резолуција од 1 Mpx и која се наоѓа во маската на ладилникот, на дисплејот со дијагонала од 8 инчи прикажува широкоаголно видно поле од 180 степени пред возилото.

Со тоа на непрегледните раскрсници значително се намалува ризикот од налетување на други возила, пешаци или велосипедисти, кои доаѓаат од страните:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП