8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 100 милијарди долари дале странците кои купиле имот во САД

Над 100 милијарди долари дале странците кои купиле имот во САД

imot sad 330

Странски купувачи се здобиле со имот во вредност од над 100 милијарди долари во САД во период од 12 месеци, објави „CNBC“.

Според Националната асоцијација на агентите на недвижности во земјата, вредноста на продадениот станбен имот во САД на странски државјани во периодот април 2014-та – март 2015-та година достигна рекордни 104 милијарди долари, или околу 8% од вкупната продажба на живеалишта.

Бројот на продадени домови се намалува од 232.000 во претходната година до 209.000, но купувачите имаат стекнато поскап имот што ја крева вкупната вредност на продажбата.

Со голема предност, Кинезите се водечките странски купувачи на имот во САД во последната година. Граѓани на Кина, Хонг Конг и Тајван купиле домови за 28,6 милијарди долари, според извештајот. Канада е рангирана на второ место со 11,2 милијарди долари, следена од Индија со 7,9 милијарди долари.

Најпосакувани живеалишта за купувачите се главно во Лос Анџелес, Сан Франциско, Сиетл и Њујорк. Општо земено Флорида е преферирана држава од странските купувачи, а продадениот имот таму сочинува 21% од сите имоти, купени од странци во споменатиот период. Калифорнија е рангирана на второ место со 16%, следена од Тексас со 8% и Аризона со 5%. Речиси половина од купените имоти од странци биле во овие четири држави.

Странските купувачи придонесоа со едвај 3% во имотните трансакции во државата Њујорк, иако овој процент е доста поголем во градот Њујорк. Таму купувачите Американци и странци се речиси подеднакви. На Европејците и Канаѓаните повеќе им се допаѓаат Флорида и Аризона, додека Калифорнија и Тексас се најпосакувани од купувачите од Азија. Купувачите од Латинска Америка, вклучувајќи го и Мексико, пак избираат имот во Тексас и Флорида.

Странските купувачи се фокусираат главно на полуксузен имот. Просечната откупна цена за нив е 499.600 долари, или речиси два пати повеќе од просечната откупна цена за американските граѓани. Странци исто така плаќале повеќе, во споредба со претходната година, затоа што просечна цена бележи раст од 26%.

Повеќето од нив ги сакаат предградијата пред централните делови, а и семејните куќи пред становите. Повеќето странски купувачи (55%) плаќале во готово за купените имоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП