19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRBS очекува силен прилив на капитал во наредните години

RBS очекува силен прилив на капитал во наредните години

rbs1

Британската банка „Royal Bank of Scotland – RBS“ очекува значително зголемување на капиталот во наредните години благодарение на продажбата на дел од бизнисот, а дел од добиените средства планира да им ги врати на акционерите, изјави денес извршниот директор Рос Мекеван.

Банката чии 78 проценти се во сопственост на државата наведе во февруари дека драстично ќе го намали секторот за инвестициско банкарство, повлекувајќи се од 25 земји до Европа, Азија и на Блискиот Исток и главно ќе се фокусира на Британија, пренесува Ројтерс.

„Ќе го намалиме ризикот и дезинвестирањето ќе донесе значителен раст на капиталот, чиј дел планираме да им го вратиме на нашите акционери“, изјави Мекеван на годишниот состанок на банката.

Нивото на висококвалитетен капитал на банката (Tier 1) кој е клучно мерило за финансиската сила, изнесувал 11,5 проценти од вкупниот капитал на крајот на првиот квартал, а банката има за цел тоа ниво да го подигне на 13 проценти.

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изјави дека владата во претстојните месеци ќе започне да го продава уделот во RBS, која ја спаси во текот на глобалната финансиска криза со 45,8 милијарди фунти (72 милијарди евра) пари од даночните обврзници.

RBS беше дел од бројни скандали поврзани со местење на девизните курсеви и меѓубанкарските каматни стапки, како и измамата на инвеститорите во врска со хипотекарните обврзници, што, како што се очекува, ќе ја чини повеќе милијарди долари на име порамнување со регулаторите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП