19 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку правила од професионалците

Неколку правила од професионалците

young_business_man_on_a_desk_isolated_on_white_1415366087

Секоја личност на различен начин напредувала до местото на кое што е сега. Меѓутоа, постојат работи кои се заеднички за сите успешни деловни луѓе.

Ако сеуште не ги владеете овие вештини, секако може да ги научите или да ги доведете до совршенство.

Секој успешен деловен човек треба да знае:

1. Совршена презентација

Секој професионалец треба да биде способен да направи не солидна, туку совршена презентација. Сведете ја презентацијата на три тематски целини, почеток, главен дел и завршеток. Долгиот вовед може да ја засени главната порака, бидете умерени. Имајте на ум, дека слика и видео се повеќе од зборови. Не заборавајте, крајот мора да ги повика слушателите во акција.

2. Барајте покачување на плата

Преговорите за покачување на платата, говорат за тоа колку придонесувате во компанијата. Ставете ги на список вашите достигнувања во последната година од вашето работење. Бидете храбри, зборувајте во бројки и кажете колку очекувате вашата плата да биде зголемена.

3. Креирајте сопствен бренд

Секогаш имајте точна претстава за себе. Дознајте во што сте најдобри. Бидете креативни во сопствената презентација, но не претерувајте.

4. Поднесете го достоинствено поразот

Ова не е само работна вештина, туку и животна лекција. Во случај да дадете отказ, тоа би требало да се одвива по следниот редослед: 1. бидете сигурни во одлуката, 2. веста прво кажете им ја на надлежните, 3. испратете благодарница за соработката.

5. Не ги сфаќајте работите лично

Ако не можете да не ги сфаќате работите лично, тогаш одглумете. Самоконтролата е карактеристика на вистинските професионалци. Научете ја.

6. Научете кога треба да молчите

Независно дали се наоѓате на преговори, состанок или интервју, секогаш говорете онолку колку што треба.

7. Научете да одбивате

Не можеме секогаш да ја превземеме целата работа, научeте да одбивате. Сепак, пред да одбиете некоја работа, објаснете зошто не сте во можност да ја извршувате и дека би ја прифатиле кога ќе завршите.

8. Ракувајте се

Секогаш ракувајте се. Притисокот на раката не треба да биде премногу цврст, не смее да трае ниту кратко, ниту долго. Гледајте го соговорникот во очи. Ракувајте се секогаш прво со домаќинот, па со останатите присутни.

9. Освежете се

Без разлика дали се работи за жена или маж, на секој во текот на денот му е потребно малку освежување.

10. Да го платите ручекот или не?

Личноста која не го иницирала ручекот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП