Депозитите на бугарските граѓани во банките во мај изнесувале 40,57 милијарди лева, односно околу 21 милијарда евра, што е соодветно на 48,3 проценти од бруто домашниот производ БДП, покажуваат податоците на Бугарската народна банка.
Депозитите во однос на истиот месец минатата година се зголемени за 3,8 проценти или за речиси 70 милиони евра.
Компаниите, исто така, ја зголемиле својата заштеда за речиси 60 милиони евра во однос на истиот месец минатата година и таа сега изнесува речиси осум милијарди евра.
Просечната плата во Бугарија изнесува малку повеќе од 400 евра, пренесуваат агенциите.