10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBlackBerry ја намали загубата, но има остар пад на приходите

BlackBerry ја намали загубата, но има остар пад на приходите

blackberry

BlackBerry во првото тромесечје оствари помала загуби во споредба со истиот период лани, но остро паднаа приходите на канадскиот производител на паметни телефони.

Според деловниот извештај објавен во вторникот, BlackBerry во првиот фискален квартал, кој заврши во мај, остварил загуба од 28 милиони долари додека во истиот период лани, загубата изнесувала 60 милиони.

Вкупните приходи на компанијата изнесуваа, пак, 658 милиони долари, што е нешто помалку во споредба со претходниот квартал, но е значително помалку во однос на ланскиот квартал, кога изнесувале 966 милиони долари.

Некогаш еден од водечките производители на мобилни телефони се обидува да се реструктуира во компанија насочена кон продажба на софтвери и услуги, а помалку на продажба на апарати.

„Резултатите во првиот финансиски квартал покажуваат дека сме цврсто на пат да постигнеме важни цели. И во иднина ќе се фокусираме на нашиот план за раст за да ја вратиме профитабилноста, порача Џон Кен, извршен директор на BlackBerry.

Благодарение на податокот дека приходите на компанијата од продажба на софтвери во изминатото тромесечје повеќе од двојно се зголемија на годишно ниво, на 137 милиони долари, цената на акцијата на BlackBerry во вторникот на Волстрит прво скокна за над 8 отсто, но тргувањето го заврши во минус за над 3 отсто.

Инвеститорите ги разочараа податоците за остриот пад на вкупните приходи на годишно ниво, како и податокот дека во првиот квартал BlackBerry продаде само 1,1 милиони паметни телефони, околу половина милион помалку во однос на претходниот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП